Мартинез го „избриша“ Наинголан, ѕвездата на Рома со конкретен одговор ја заврши приказната (ФОТО)

naingolan

Изминативе денови, па и денеска селекторите на многу репрезентации ги објавуваат имињата на играите на кои ќе сметаат за престојниот мундијал во Русија. Таа обврска ја заврши и предводникот на Белгија, Роберто Мартинез кој објави поширок список од 28 имиња на кои изненадувачки немаше место ѕвездата на Рома, Раџа Наинголан.

Мартинез својата одлука ја образложи како тактичка, но со истата придонесе Наинголан да донесе своја контра одлука која ја соопшти преку социјалните мрежи.

-За жал и многу неволно, мојата репрезентативна кариера завршува. Секогаш сум правел се за да можам да ја претставувам мојата земја. Ако бидете свои може да ги иритирате луѓето… Од овој ден јас ќе бидам навивач број еден, -порача „моторот“ на римската волчица.

Facebook Коментари