Поврзете се со нас

Англија

Мартинез ги потврди лошите сценарија за Сити доколку им биде потврдена забраната за настап во евро натпреварувањата

Објавено

на

Селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез ги потврди сценаријата за иднината на еден од фудбалерите на Манчестер Сити доколку на клубот му биде потврдена двегодишната суспензија од европските натпреварувања.

УЕФА го казни клубот од Манчестер со 25 милиони фунти и две години забрана за неиграње во Лигата на шампионите и Лига Европа поради кршењето на правилата од Финансискиот Фер Плеј.

Сега конечна одлука треба да донесе Спортскиот арбитражен суд кој својата одлука ќе ја соопшти во август.

Веднаш се појавија стравувања дека дел од клучните играчи би заминале од Сити доколку клубот двегодини со ред остане без настап во Лигата на шампионите.

Прв јавно на оваа тема прозборе Кевин Де Браујн кој откри дека две години без најелитен фудбал за него би биле премногу и дека би можел да си оди од клубот доколку казната биде активирана.

Сега овие негови зборови ги потврди и селекторот на репрезентацијата на Белгија, Роберто Мартинез.

– Кевин е побеник. Мислам дека ќе ги земе предвид сите работи кога ќе ја донесеодлуката.  Ќе разгледа дали клубот ќе добие казна, дали менаџерот со кого соработува ќе остане во клубот и слично.

– Како што може да замислите, ова е момент во кој играч како Кевин ужива затоа што е во најдобрите години од кариерата. Но си мислите, што ќе се случи во следните четири, пет години? Никој не може да му даде добар совет, единствен добар совет за него е тоа што тој го чувствува како играч.

– Кевин е многу созреана личност и сигурен сум дека кога ќе ја носи одлуката ќе ја разгледа детално целата ситуација, и јас во овој момент не сака да исклучам ниту едно сценарио, -заклучи Роберто Мартинез во интервју за „БеИн Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни