Поврзете се со нас

Англија

Мартинез е подготвен да влезе во конфликт со клубот: Сакам да одам…

Објавено

на

Foto:twitter.com/AVFCOfficial

Националниот тим е светост на Аргентинците кои сакаат позитивно да одговорат на секој повик, па дури и кога клубот има поинакво, спротиставено мислење.

Имено ова лето ќе се одржат Летните Олимписки Игри, а дел од истите ќе биде и фудбалската секција предводена од легендарниот Хавие Маскерано.

Маскерано ќе има можност да избере неколку „ветерани“, постари играчи и се споменува името на Еми Мартинез од Астон Вила. Токму тој отворено говореше за оваа ситуација, па порака и дека е подготвен да влезе во „војна“ со премиерлигашот само за да настапи во Париз.

-Имав можност да разговарам со Маскерано, желба е да играм, но очигледно не зависи само од мене. Клубот ме блокираше да одам многу пати досега, но сакам да играм на Копа Америка и да имам малку повеќе сила на крајот на Копа Америка за да донесам одлука.

-Знам дека треба да се борам уште малку со клубот, тоа не е 100 проценти готово, но од моја страна, тоа е желба што ја имам, дека сакам да ја освојам Олимпијадата. Не е задолжително клубот да му довзоли на играчот да замине да игра на Олимпијадата, знам дека мојот клуб не пушти ниту еден играч, ги блокираа сите.

-Мала шанса, но секогаш ја ставам репрезентацијата напред и ако треба уште малку да се борам со клубот ќе бидам, но прво е Копа Америка. Сега е многу тешко да се бориш со клубот затоа што за нас најважно е да ја освоиме Копа Америка. Потоа следуваат Олимпијадата и моја лична желба е да го освојам трофејот, -порача Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни