Поврзете се со нас

Свет

Мартинез: Да не беше Роналдо, Меси ќе имаше…

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Лионел Меси по осми пат во неговата кариера беше прогласен за најдобар фудбалер на светот, поточно ја освои најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот-тоа е „Златната топка“.

Меси имаше одлична година, година во која успеа да го оствари својот сон и како лидер ја предводеше Аргентина до пехарот на Светското првенство во Катар. Токму ова беше и негов најголем, најсилен аргумент во трката за овој трофеј, односно истиот да го добие пред Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.

Лаутаро Мартинез беше дел од оваа церемонија во Париз, а од таму испрати и една интересна порака кога се во прашање Златните топки и Меси.

-Тој [Меси] мораше да ја дели оваа ера со Кристијано Роналдо, инаку ќе освоеше 15 Златни топки, -порача членот на Интер.

Аргентинецот воедно имаше и еден разговор со Ибаи Ланос кој го праша напаѓачот дали минатото лето бил блиску до преселба во Реал Мадрид.

-Зборуваме за многу важен клуб, но моите мисли се само за Интер. Навистина сум среќен таму, имам договор и моето семејство е среќно во Милан. Ова е посебна ноќ за мене, па затоа им сблагодарам на Интер и на аргентинската репрезентација. Се надевам дека ќе можам да го однесам Интер што е можно повисоко во 2024 година и да ја претставам Аргентина на најдобар можен начин. Сакам да освојувам титули, спортот е за оваа работа, -одговори Ел Торо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни