Поврзете се со нас

Свет

Мартинез беше исвиркан на гала-вечерта, Дрогба им одржа лекција на некултурните Французи (Видео)

Објавено

на

Емилијано Мартинез беше избран за најдобар светски голман за 2023-та година, а наградата „Јашин“ му беше врачена од неговиот татко кој беше специјален гостин на настанот.

Аргентинскиот чувар на мрежата доживеа емотивни моменти заедно со својот татко на бината, но сепак мораше да се соочи и со непријатна ситуација кога на бимот беше покажана неговата одбрана од финалето на Светското првенство.

Французите почнаа да го исвиркуваат Дибу и дури и му го прекинаа говорот кој го почна, а тоа го изнервира легендарниот Дидие Дрогба кој ја водеше гала вечерта во Париз.

Поранешниот напаѓач одлично се снаоѓа во улогата на водител, а беше подготвен за одговор на свирежите и им одржа лекција на некултурните Французи.

– Ве молам прекинете…. Покажете почит, пред нас стои голем шампион…., – порача Дрогба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни