Мартинез: Азар е фудбалскиот Мајкл Џордан, тој заслужува…

eden-hazard

Селекторот на белгиската репрезентација, Роберто Мартинез испрати големи комплименти на адреса на Еден Азар притоа споредувајќи го со Мајкл Џордан кој добро е познато дека е број еден кога е во прашање кошарката.

Мартинез верува дека Азар поседува таков квалитет, знаење со кој во иднина дефинитивно ќе ја освои напрестижната индивидуална награда „Златната топка“.

-Можам да видам како Азар ја освојува „Златната топка“.  Тој ја има улогата да биде освојувач на „Златната топка“. Она што тој го стори е на нивото на „Златната топка“, тој ги исполнува сите услови за наградата. Тој го стори тоа во Челси, во Франција. Тешко е за странец да биде на референца на проект кој работи на освојување на лигата. Тој е играч на кого му го давате последниот пас, како Мајкл Џордан. Азар е фудбалскиот Мајкл Џордан, -истакна Мартинез.

Facebook Коментари