Поврзете се со нас

Англија

Мартинели ја посочи слабата алка во стартниот тим на Ливерпул: Ја таргетиравме неговата страна

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Трент Александер Арнолд ја санираше повредата и се врати во стартниот тим на Ливерпул за дербито со Арсенал, но десниот бек не мина воопшто добро и беше првиот играч кој беше повлечен од Јирген Клоп.

Дефанзивецот на Ливерпул често знае да биде мета на критики поради неизвршување на обврските во дефанзивен план, а иако не биде директно виновен ниту за еден гол, беше евидентно дека Арсенал најчесто напаѓа по неговата страна.

Тоа го потврди и Габриел Мартинели, крилниот фудбалер на Арсенал кој ја искористи големата грешка на Алисон и Ван Дајк за да се запише во листата на стрелците.

Бразилскиот фудбалер во својата анализа за дербито концизно ги доведе во прашање дефанзивните квалитети на Трент, потенцирајќи дека тој и соиграчите ја таргетирале неговата страна како слаба точка на ривалот.

– Да бидам искрен, ние знаевме дека десната дефанзивна страна на теренот е онаа од каде можеме да извлече многу. Ако говорам лично за мене, секогаш ми оди добро кога играм против Ливерпул, – изјави Мартинели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни