Поврзете се со нас

Свет

Мартинели има фаворит: Тој ја заслужува „Златната топка“

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Членот на Арсенал, Габриел Мартинели има свој фаворит за најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот „Златната топка“.

Офанзивецот е меѓу оние кои веруваат дека Винисиус Жуниор има направено повеќе од доволно во изминатава година, сезона за да биде број еден на светот.

Напаѓачот на Реал постигна 24 гола и забележа 11 асистенции на 39 меча за „кралевите“ и одигра клучна улога во титулите во Примера и Лигата на шампионите.

-Секако, голема гордост е да се игра со него. Искусување на секојдневниот живот, гледате дека е посебно момче. Многу сум среќен што сум Бразилец и го гледам Вини како блеска. Според мене, тој заслужува да ја освои Златната топка. Задоволство е да се дели теренот со него, -порача Мартинели.

Сега следи Копа Америка, па ако Вини како лидер на оваа генерација му донесе трофеј на Бразил тогаш повеќе од јасно е дека ќе биде главен фаворит за „Златната топка“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни