Мартина Хингис третпат заминува во пензија

hingis-dubl

Швајцарската тенисерка Мартина Хингис најави дека повторно ќе се пензионира и тоа по крајот на завршниот турнир во Сингапур кој се одржува во моментов.

Хингис која веќе има 37 години настапува во игра на двојки, а ова за неа ќе биде трето и веројатно и последно заминување во пензија. Првпат Швајцарката се повлече поради проблеми со повреди во 2003 година, три години подоцна се врати, но во 2007 година беше позитивна на кокаин по што следуваше нова пауза. Од 2013 година таа им се посвети на мечевите во дубл конкуренција, по што освои четири грен-слем титули во женски дубл и шест грен-слем во мешани парови.

Во поединечна конкуренција, Хингис има пет грен-слем титули освоени меѓу 1997 и 1999 година.

Facebook Коментари