Мартина Хингис ја освои втората титула на Ју-Ес Опен во два дена

hingis-dubl

Швајцарската тенисерка Мартина Хингис продолжува да реди успеси на грен-слем турнирите, а од Ју-Ес Опен си заминува со две нови титули во богатата колекција.

По вчерашната победа во мешани двојки, денеска Хингис триумфираше и во женскиот дубл каде партнерка и беше Јунг Јан Чан од Тајван, а во финалето го совладаа чешкиот пар Храдецка-Синијакова.

Хингис и Чан го добија мечот со 6:3/6:2 за само 66 минути, па така Швајцарката на 36-годишна возраст стигна до вкупно 25. грен-слем титула од кои 5 се во поединечна конкуренција.

Facebook Коментари