Мартин Поповски договори ангажман во Швајцарија

martin-popovski-tineks-prolet

Македонскиот репрезентативец, Мартин Поповски договори ангажман во Швајцарија, поточно во тамошниот прволигаш Амичитија Цирих.

Поранешниот ракометар на Вардар со кого дојде до врвоти пехарот во Лигата на шампионите во оваа сезона го носеше дресот на Тинекс Пролет каде беше еден од најдобрите поединци и поради тоа ја доби довербата и беше дел од нашиот национален тим кој настапи на Европското првенство кое се одигра на почетокот на оваа година, шампионат на кој избраниците на Данило Брестовац го освоија 15 место.

Десното крило со Амичитија потпиша двегодишен договор.

Facebook Коментари