Поврзете се со нас

Македонија

Мартин Мирчевски е новата „десетка“ на Академија Пандев

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Академија Пандев го претстави најновиот член на екипата-тоа е офанзивецот Мартин Мирчевски.

Мирчевски е уште еден екс играч на Вардар кој се сели во таборот на „пандевци“, тим со кој потпиша двегодишен договор. Претходно во кариерата ги носеше дресовите и на Пелистер и Беласица.

Пандевци веќе ги започнаа подготовките за натпреварувачката 2021/2022, а досега освен Мирчевски како новитети официјално се потврдени повратници во тимот, отстапените во минатата сезона Михаилов, Донов, Ивановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни