Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Марсијал се пошегува една недела по автоголот против ПСЖ: Тоа е клубот од мојот роден крај, морав да им помогнам…

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед утре на „Олд Трафорд“ ќе го пречека тимот на Ред Бул Лајпциг во пресметка на двата непоразени клубови по првото коло од групата Х во Лигата на шампионите.

„Ѓаволите“ во првото коло од групната фаза славеа изненадувачка победа против тимот на ПСЖ на „Паркот на принцовите“ со 2:1.

За Јунајтед головите ги постигнаа Бруно Фернандеш и Маркус Рашфорд, додека сопствената мрежа си ја затресе Антони Марсијал  кој беше виновникот за погодокот на домашниот тим.

Сега, една недела по тој натпревар, Марсијал се реши да се пошегува за тоа што си постигнал гол во својата мрежа.

– Вакви работи се случуваат, но затоа што тоа е клубот од градот во кој сум роден, јас сакав само малку да им помогнам! Не, искрено, ваква работа може да му се случи на секого, -изјави Марсијал кој потоа продолжи дека бил пресреќен по победата затоа што сите негови пријатели од Франција му викале дека ќе загубат.

– Бев навистина среќен затоа што моите браќа и голем дел од моето семејство навиваат за Манчестер Јунајтед, но моите пријатели го поддржуваат ПСЖ. Сите ми викаа дека ќе загубиме, а јас им кажав дека нема да го сториме тоа. Па кога победивме бев пресреќен ,-заврши Марсијал.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни