Марсијал прикажа бравурозна футсал финта и ја „искоси“ тревата со германскиот стопер (Видео)

martial-germany

Германија и Франција играат пријателски меч во Келн во овој момент, а без разлика на тоа што досега беа постигнати три гола (два на Лаказет и еден на Вернер 1:2), потегот на средбата го изведе Антони Марсијал кој изведе бравурозно футсал минијатура во шеснаесетникот на Германците.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед со маестрално досетлив потег ја „искоси“ тревата со германскиот стопер Суле кого го испрати во празно, а потоа му додаде на Лаказет кој немаше проблеми да ја погоди празната мрежа на Германците.

Facebook Коментари