Поврзете се со нас

Свет

Марсијал конечно пред реализација на трансфер, ќе стане најплатен играч во историјата на „двоглавите орли“

Објавено

на

Foto:instagram.com/martial_9

Антони Марсијал стана слободен агент откако Манчестер Јунајтед реши да се раздели со него и да не му го продолжува договорот, но во прв момент никој не се надеваше дека Французинот ќе остане со истиот статус по завршувањето на летниот преоден рок во најсилните лиги.

На 30-ти август стана јасно дека Марсијал нема да продолжи во топ 5 лигите во Европа, но сега пристигнува информација дека барем ќе остане на стариот континент и ќе го следи примерот на Дејан Ловрен.

Откако му пропаднаа преговорите за трансфер во бразилски Фламенго, високите барања на Марсијал во овој момент сака да ги исполни само АЕК, па така клубот од Атина е во завршни преговори за комплетирање на зделката.

Како што јавуваат угледните медиуми од Франција и Грција, двете страни веќе разменуваат документи и го договораат само пристигнувањето на Марсијал во Атина, по што треба да потпише историски договор со „двоглавите орли“.

АЕК решил да го руши својот клупски рекорд и ќе го направи Марсијал најплатен играч во својата историја, такашто ќе му овозможи тригодишен договор вреден 9 милиони евра (3 милиони евра по сезона).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни