Поврзете се со нас

Англија

Марсијал и Гарначо го израдуваа „Олд Трафорд“, Митровиќ се врати и го испрати Саутемптон во втора лига (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Екипата на Манчестер Јунајтед го оправда статусот на фаворит и дојде до трите победа на денешната пресметка против Вулверхемптон (2-0) во Премиер лигата.

По поразите од Брајтон и Вест Хем на „црвените ѓаволи“ им беше повеќе од потребен овој триумф до кој дојдоа со по еден гол во двете полувремиња. Домаќините одиграа одличен меч во кој имаа скоро 30 удари, ама само два од нив завршија во мрежата на Бентли кој имаше неколку фантастични одбрани на „Олд Трафорд“.

Резултатот беше отворен во 32 минута преку Марсијал на асистенција на Антони. До вториот погодок се чекаше до 94 минута кога нововлезениот Гарначо стрелаше и ги разреши сите дилеми околу победникот.

Сега Јунанјтед има 66 бода исто колку Њукасл, поточно е на плус четири од петтопласираниот Ливерпул.

Официјално од денеска нов второлигаш е Саутемптон кој во својот дом загуби од Фулам од 2-0. Двата гола паднаа во второто полувреме, во 48 минута стрелаше Карлос Винисиус, а пак Митровиќ стави точка во 72 минута.

Ова за Митровиќ беше прв меч 19 март, поточно ја одработи суспензија и едноствно се врати со стил на големата сцена.

Останати резултати:

Астон Вила-Тотенхем 2-1

Кристал Палас-Борнмут 2-0

Челси-Нотингем Форест 2-2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни