Марсијал донел конечна одлука за својата иднина

Marsijal1

Антони Марсијал дефинитивно решил да се раздели со Манчестер Јунајтед, а оваа информација вечерва ја потврди и неговиот менаџер за француските медиуми.

Марсијал немаше голема минутажа последната сезона, а очигледно Жозе Мурињо нема посериозни планови со него и тој е во потрага по нов клуб.

– Откако внимателно беа разгледани сите параметри и можности, Антони реши дека сака да си замине од Јунајтед. Најпрвин клубот сакаше да му понуди нов договор, но по неколку месеци преговори, не успеавме да се договориме. Ако најмоќниот клуб во светот не може да најде солуција по осум месеци преговори, тоа значи дека не сметаат сериозно на него.

– Антони е разочаран бидејќи имаше одличен однос и со навивачите, ако не беа тие, ви гарантирам дека порано ќе побараше да си замине, – истакнал Филип Ламболеј.

За Марсијал сериозно е заинтересиран Јувентус, па се очекува по оваа информација, да има преговори меѓу двата клуба.

Facebook Коментари