Поврзете се со нас

Балкан

Марсијал дефинитивно ќе настапува во грчкото првенство

Објавено

на

Foto:instagram.com/martial_9

Антони Марсијал остана без многу опции по крајот на преодниот рок во најквалитетните првенства, па денеска стана јасно дека прифатил понуда од Грција.

Французинот кој до пред некој месец беше член на Манчестер Јунајтед, сега ќе игра во нашето соседство и ќе го носи дресот на атински АЕК.

Клубот денеска се пофали со информацијата и фактот дека ќе го има офанзивниот фудбалер во своите редови, а Марсијал ќе се обиде да ја врати својата препознатлива форма од пред неколку сезони.

Марсијал го напушти Јунајтед откако му истече договорот, а последниот период играше многу малку поради честите проблеми со повреди. Најавите се дека потпишал тригодишен договор со АЕК и ќе заработува по 3 милиони евра по сезона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни