Марсениќ е уште еден ракометар на Вардар кој си пронајде нов клуб (Фото)

mijajlo-marsenikj

Вардар ќе игра со зналително променет ростер на играчи наредната натперварувачка сезона, а сега во таканаречениот егзодус на членови кои веќе си пронајдоа нова средина се приклучи и Мијајло Марсениќ на кого актуелниот договор со македонскиот и европски шампион му завршува на крајот на сезоната.

Српскиот пивот одлучи да го следи чекорот на Гонзалес, Штербик, Циндриќ и Македа кои веќе потврдија дека си заминуваат од Вардар, со тоа што Марсениќ својата кариера ќе ја продолжи во германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин. Германскиот клуб ова попладне ја потврди веста за ангажманот на ракометарот на Вардар, а Марсениќ ја даде и првата изјава за официјалната веб страна на Фуксе.

– Навистина сум презадоволен што наредната сезона ќе играм во клуб со големи амбиции како Фуксе Берлин. Клубот има големи цели и очекувања, а истото важи и за мене. Сакам да освојувам титули, тоа мото ме води во кариерата, – вели Марсениќ кој ставил потпис на тригодишен договор.

Facebook Коментари