Поврзете се со нас

Шпанија

Марсело: Те сакам мој Мадрид…

Објавено

на

foto: x.com/MarceloM12

Реал и Атлетико Мадрид ги поделија водовите во големото шпанско дерби, меч на кој му претходеше мала церемонија во која во фокусот беше некогашниот играч на „кралевите“ Марсело Виера Да Силва Жуниор.

Посебна чест и господски гест: Модриќ му се поклони на Марсело пред преполниот „Бернабеу“

Марсело пред неколку дена објави дека ја завршува својата кариера, па Реал како клуб во кој Бразилецот ги мина најубавите фудбалски години одлучи да му оддаде почит и да го поздрави пред преполниот „Сантијаго Бернабеу“. На Марсело му беше врачен специјално врамен дрес потпишан од сите во клубот, а публиката го награди со аплаузи и овации.

-Имав среќа што можев да уживам до последниот ден како професионален фудбалер. Ти благодарам Реал Мадрид, ти благодарам за големата почит на Бернабеу, место кое секогаш ќе биде мојот дом. Ви благодарам и вам мадридисти за љубовта за уште еден ден. Секогаш Хала Мадрид. Те сакам мој Мадрид, -напиша Марсело на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни