Свет
Марсело со најискрена изјава по освоената титула со Флуминенсе: Во Реал Мадрид ќе ме разберат…

Флуминенсе испиша нова историја во јужноамериканскиот фудбал и за првпат од своето постоење ја освои најпрестижната титула на клупско ниво, односно славеше во завршниот натпревар на Копа Либертадорес.
Бразилскиот тим предводен од тренерот Диниз направи огромен успех и во големото финале на „Маракана“ заслужено ја совлада Бока Јуниорс со 2:1, триумф кој донесе илјадници солзи радосници на трибините, но и долу на теренот.
Еден од нив беше и човекот кој освои се што може да се освои на европско ниво, а солзите на Марсело само покажаа што за него значи овој трофеј освоен со матичниот клуб.
Марсело се врати во Флуминенсе и го освои најпрестижниот трофеј во Јужна Америка, по што самиот призна дека ова е најслатката и најважна титула во неговата кариера, ставајќи го едно скалило над сите трофеи освоени со Реал Мадрид.
– Во Реал Мадрид ќе ме разберат. Ова е најважната титула во мојата кариера на клупско ниво. Флуминенсе е клубот во кој израснав и во кој се изградив.
– Реал Мадрид секогаш ќе биде во моето срце, но за Флуминенсе ми е тешко да зборувам, тешко ми е да ви кажам што чувствувам, – изјави емотивниот Марсело.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 22 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата