Шпанија
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови

Марсело ја заврши својата етапа во Флуминенсе пред три месеци поради инцидент со тренерот Мано Менезес, а после долго размислување, легендарниот лев бек одлучи тоа да биде и последен негов чин во играчката кариера.
Фантастичниот бразилски дефанзивец ќе остане запаметен како еден од најдобрите и најуспешни леви бекови во историјата на фудбалот, но очигледно последната неславна епизода во својот матичен клуб го натера да стави крај на незаборавното фудбалско патување.
Марсело денеска со официјално сооопштение самиот објави дека заминува во пензија, а на прво место во своето набројување го стави Реал Мадрид.
– Љубовта кон фудбалот ми ја всади мојот дедо, тој сакаше да станам професионалец и направив се што можам за да го остварам тоа.
– На 18 години Реал Мадрид тропна на мојата врата и дојдов тука. Тука го основав моето семејство заедно со сопругата. 16 сезони, 25 титули, 5 трофеи во Лигата на шампиони…. Бев еден од капитените, доживеав безброј магични ноќи на „Бернабеу“, какво патување…. Реал е поразличен и уникатен клуб, мадридизмот не се опишува со зборови, јас сум мадрилењо, – вели 36-годишниот Марсело во својата проштална порака.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија19 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет17 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)