Поврзете се со нас

Шпанија

Марсело се појави на избирачкото место, но на крај доби поштеда и ќе може да игра против Челси (Фото)

Објавено

на

Фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело, може да здивне затоа што ќе може да им помогне на своите соиграчи на натпреварот против Челси од полуфиналето во Лигата на шампионите.

Марсело беше избран да биде член на изборната комисија за локалните избори во Мадрид и не му беше дозволено да го напушта градот, но по барањето на „кралскиот клуб“, левиот бек сега ќе може да се најде во составот на Зинедин Зидан.

Бразилецот кој уште од 2011 година има шпанско државјанство бил заменет од повозрасна госпоѓа која се пријавила да ја извршува оваа должност наместо Марсело.

Инаку, интересно е тоа што властите во Мадрид во никој случај не дозволувале Марсело да го напушти градот се додека не била пронајдена неговата замена. Инаку, за се да биде регуларно, 32 годишниот фудбалер се појавил на избирачкото место од каде и официјално му било соопштено дека нема да има потреба да присуствува на изборниот ден како дел од изборната комисија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни