Поврзете се со нас

Свет

Марсело се поблиску до одлука со која ќе ги разочара фановите

Објавено

на

Foto:twitter.com/MarceloM12

Марсело по навистина долг престој, летово замина од Реал Мадрид и досега нема пронајдено нов ангажман.

Како што пренесува „Марка“, во моментов Бразилецот повеќе размислува за крај на кариерата и тоа може да биде најреална опција.

Фудбалските фанови очекуваа Марсело да прифати друг предизвик, имајќи ги предвид неговите квалитети дури и на 34-годишна возраст, но левиот бек има специфични критериуми кои очигледно заинтересираните клубови не ги исполниле.

Катар и САД не се опции, иако во овие земји може лесно да најде ангажман, а досега пропаднале преговорите со Фенербахче, Лион и Валјадолид.

Марсело настапуваше 15 сезони во Реал и стигна до 25 трофеи со „кралскиот клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни