Шпанија
Марсело попусто му одржа лекција на соиграч пред примениот гол: Немој да се… (Видео)

Целиот тим на Реал Мадрид вчера се посрамоти на гостувањето во Алкојано кај шпанскиот третолигаш кој направи една од најголемите сензации во историјата на шпанскиот фудбал, натпревар од кој излегоа многу интересни видеа од славјето на домаќините, но во фокусот се најде и едно што го сподели телевизијата „Кватро“.
Во истото, прикажан ни е еден интересен момент од моментите пред Реал Мадрид да го прими голот за 1:1 во 80-та минута, односно конверзацијата и лекцијата која искусниот Марсело му ја одржа на младиот Винисиус.
Вини Жуниор веќе беше опоменат од Карим Бензема на натпреварот против Борусија Менхегладбах во Лигата на шампионите за пресебична игра, а сега иако му беше највено дека може да направи глупост, на крајот сепак го направи тоа.
Пред да биде изведен корнерот, Марсело му посочи на Винисиус каде треба да се постави и да го чува противникот во шеснаесетникот, а протоа употреби и сочни зборови.
– Вини, Вини, немој да се посереш…. Дојди тука…., – попусто му викаше Марсело, кој потоа гледаше како топката стигнува до играчот кој не го покри неговиот сонародник.

- Англијапред 23 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 21 час
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 22 часа
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Лига на шампионипред 23 часа
Капело за исклучувањето на Фројлер: Судијата го уништи натпреварот