Поврзете се со нас

Свет

Марсело паѓа во втор план: Презентацијата на Силва ќе донесе историски момент во Бразил (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Тиаго Силва стави крај на својата европска авантура со последниот натпревар кој го одигра за Челси, па веднаш после тоа соопшти дека му се приклучува на Флуминенсе.

39-годишниот ветеран реши да се врати во матичниот клуб во кој го стартуваше своето фудбалско патешествие, а поради верноста и приврзаноста кон боите на најстариот клуб во Бразил, фановите утре ќе режираат вистински спекткл.

Презентацијата која ќе ја има Тиаго Силва на стадионот на Флуминенсе ќе биде најголемото фудбалско случување во Бразил при презентација на еден фудбалер, бидејќи легендарниот стопер ќе ги урне сите рекорди.

Клубот соопшти дека се распродадени сите 51 илјади билети за презентацијата на фантастичниот стопер, а тоа значи дека ова ќе биде убедливо најголемата посета во историјата на Бразил кога е во прашање една промоција.

Досега овој рекорд го држеше Марсело кој беше поздравен од 35 илјади навивачи на Флуминенсе, но сега тој примат ќе го понесе Силва на утрешниот свечен чин во Рио де Жанеиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни