Поврзете се со нас

Свет

Марсело остана без клуб откако доби неверојатно понижување од тренерот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FluminenseFC

Флуминенсе испушти два бода во завршницата од дербито со Гремио и прими кол за 2:2 длабоко во судиското продолжение, но претходно на натпреварот се случи сцена која стана топ тема во Бразил.

Ветеранот Марсело требаше да влезе во игра во 90-та минута, но наместо да заврши на теренот, тој се врати на клупата откако влезе во расправија и беше понижен од страна на тренерот.

Мано Менезес не остана задоволен од забелешките на фудбалерот пред да влезе во игра, па реши да покаже авторитет и да го врати на клупата за резерви.

Оваа немила сцена беше доживеана како големо понижување за легендарниот играч на Реал Мадрид, кој неколку часа подоцна се избори за раскин на договорот.

Иако Флуминенсе е негов матичен клуб, Марсело брзо се договорил со клубот да дојде до прекин на соработката, па сега ќе си бара нов клуб како слободен агент.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни