Марсело издоминира во соблекувалната на „Филип Втори“, мирниот Модриќ се приклучи во бразилското лудило (Видео)

marselo-modrik

Играчите на Реал Мадрид излегоа како победници од уште еден голем европски натпревар, па со самото тоа стигнаа до четвртата последователна титула на стариот континент (две во Лигата на шампионите и две во Суперкупот).

Избраниците на Зинедин Зидан славеа на најголемиот и најубавиот македонски стадион „Филип Втори“ кој беше домаќин на големиот настан, а дека ова случување навистина буди посебно позитивни емоции и кај големите фудбалски ѕвезди ни докажа Марсело со својот перформаннс во соблекувалната.

Бразилскиот лев бек постираше видео на социјалните мрежи во кое се гледа дека тој е најрасположен во соблекувалната, но интересно е тоа што во неговото бразилско лудило му се приклучи и обично мирниот Лука Модриќ, а подоцна и сонародникот Касемиро.

Facebook Коментари