Поврзете се со нас

Шпанија

Марсело: Фативме ритам, подготвени сме да ја продолжиме сезоната

Објавено

на

Еден од најискусните играчи во таборот на Реал Мадрид, Марсело порача дека тој и соиграчите се подготвени и со нетрпение го очекуваат продолжението на оваа сезона во Примера.

Примера беше суспендирана во месец март поради здравствената криза со КОВИД-19, но сега ситуацијата е подобра и веќе наредниот месец официјално ќе се врати фудбалот во Шпанија.

-Никогаш не сме поминале толку долго без да можеме да тренираме на теренот и сега нашата желба да играме фудбал се зголеми. Сега сме блиску повторно да играме и не можеме да дочекаме. Поинакво е од она на што сме навикнати. Ние мора да ги искористиме позитивите од тоа и сега сме навикнати на рутината; не е како порано, но сè е добро.

-Сите сме здрави, тренинг сесиите за враќање на нашиот ритам беа фантастични. Одамна немавме допрено топка, кога се вративме тоа се почувствува, но сега едноставно не можеме да дочекаме да играме натпревари, -порача Бразилецот.

Реал Мадрид е втор на табелата со минус два бода во однос на лидерот Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни