Поврзете се со нас

Лига Европа

Марсеј преку пенали до последен полуфинален билет во Лига Европа

Објавено

на

Foto:twitter.com/OM_Officiel

Марсеј е последниот патник во полуфиналето во Лига Европа, откако францускиот тим успеа да ја добие пенал драмата со Бенфика која вечерва ја гледавме на „Велодром“.

Гостите од Португалија пристигнаа во Франција со цел да ја одбранат минималната предност од „Луж“ (3:2), но Марсеј успеа да погоди во 79-та минута и тогаш стана јасно дека двата тима се блиску до дополнителни 30 минути игра.

Во овој период, двата тима имаа своите шанси да го решат прашањето околу победникот, но на крајот решаваше пенал рулетот, во кој повеќе нерви сепак имаа домаќините.

Пенал серијата почна со утка на Анхел Ди Марија кој ја погоди стативата, а потоа не реализираше и Силва во четвртата серија, а од друга страна прецизни беа сите четири шутери на Марсеј.

На овој начин, Французите се изборија за последниот полуфинален билет во Лига Европа, фаза во која за ривал ќе ја имаат Аталанта. Во другото полуфинале, силите ќе ги одмерат Баер Леверкузен и Рома.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни