Поврзете се со нас

Франција

Марсеј експресно го назначи наследникот на Гатузо

Објавено

на

Foto:twitter.com/OM_Officiel

Олимпик Марсеј ова попладне му врачи отказ на Џенаро Гатузо по лошата серија на резултати на првиот тим, а неполни два часа подоцна, пристигна соопштение за неговиот наследник.

Рино забележа само една победа од стартот на 2024-та година и заврши на сличен начин како пред една година во Валенсија, по што беше јасно дека клубот ќе бара нов правец.

Марсеј сега реши да ја додели одговорноста на далеку поискусен фудбалски стручњак, а тоа е Жан Луј Гасе кој повеќе од 30 години е дел од најтешката работа во фудбалот.

– Пристигнувањето во Марсеј е неизмерна чест за мене, се надевам дека ќе го вратам тимот на вистински пат. Едвај чекам да почнам со работа, подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе, – изјави Гасе.

Само за потсетување, Гасе беше тренерот кој го водеше тимот на Брегот на Слоновата Коска во групната фаза, па откако заработи бизарен отказ, тимот на крајот стигна до титулата на Африканскиот Куп на нации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни