Поврзете се со нас

Италија

Марота за засилувањето од соништата: Тој ме забавува…

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Џузепе Бепе Марота е еден од најценетите фудбалски работници во Италија, оперативец кој денеска е дел од лидерот во Серија А, Интер.

Тој претходно заврши квалитетна работа во Сампдорија и Јувентус за да сега во ист стил продолжи и во клубот од Милано кој во неговиот досегашен мандат освои неколку титули, играше и во финалето на Лигата на шампионите.

Марота е човек кој е специјалист за трансфери, знае да повлече вистински потег и токму ова го искористија луѓето од „ДАЗН“ кои успеа да изнудат интересен одговор од него.

Бепе беше запрашан кој играч би бил идеално засилување ако би имал неограничен буџет на располагање, а неговиот одговор беше Џуд Белингем.

-Има многу, но морам да кажам едно: многу е потешко кога имаш многу пари на располагање, кога немате, треба да најдете можности. Би рекол Белингем само затоа што ме забавува, но не сакам никого да именувам никого, -порача Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни