Поврзете се со нас

Италија

Марота убеден дека Интер може да стигне до финалето на Лигата на шампионите

Објавено

на

Интер вечерва во директен дуел со Реал Мадрид се бори за првото место во групата од Лигата на шампионите, а Извршниот директор Бепе Марота смета дека италијанскиот првак има голем потенцијал во ова натпреварување.

Во периодот кога работеше во Јувентус, торинскиот клуб стигна до финале на Лигата на шампионите во првата сезона по заминувањето на Антонио Конте, а Марота е убеден дека Интер може да се најде во завршницата на ова натпреварување.

– Мислам дека располагаме со се што е потребно за таков резултат.

– Лигата на шампионите продолжува со нокаут фаза, а не лига, па затоа може да се случат одредени ситуации кои ви овозможуваат предност во одредена ситуација.

– Екипата го има потребното искуство, како и менталитет, самодовербата е подигната со фактот што обезбедивме место во осминафиналето на едно коло до крајот. Се надевам дека Интер ќе се врати на позицијата на која заслужува да биде, – изјавил Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни