Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Марота си посака противник за големото финале во Истанбул: Тоа би било историско

Објавено

на

Италијанскиот фудбал мрдна од „мртва точка“ во последните неколку сезони, а доказ за тоа е и успехот кој го остварија калчолигашите во актуелното издание во Лигата на шампионите.

Дури три италијански тима ќе бидат дел од утрешната четвртфинална ждрепка во Лигата на шампионите, но интересно е тоа што сите претставници на Наполи, Милан и Интер се согласни со едно, односно велат дека сакаат да се избегнат во оваа фаза.

Директорот на Интер Бепе Марота има една оптимистичка желба, односно посакува историско финале меѓу Интер и Милан во самата завршница на најелитното натпреварување.

– Ние сме среќни што сме меѓу осумте најдобри и сакаме да продолжиме. Дербито во финалето би било нешто многу возбудливо. Цел свет ќе зборува за тоа, нема да има ништо подобро од миланско дерби во големото финале во Истанбул.

– Тоа би било историскиот потфат за двата тима. Би немал проблем да кажам, Милан, се гледаме во финалето. Сепак, има време до такво нешто, најважно е да бидеме здрави и да немаме повреди на двата меча кои следат. Овој тим направи да гледаме позитивно на иднината, – изјави Бепе Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни