Поврзете се со нас

Италија

Марота призна дека Интер преговарал со Алегри, но не крие и дека остварил контакт со големата ѕвезда на Наполи

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер оствари голема победа на гостувањето кај Монца и се зацврсти на првото место на табелата во Серија А, но уште пред да дојде до триумфот од 1:5, Бепе Марота издвоил време за италијанските новинари кои му поставиле прашање и за најактуелната тема.

Главниот оперативец на Интер дал интересни одговори неспоредно пред стартот на мечот со кој беше затворена саботната програма во Серија А, па дал и едно признание за кое многумина шпекулираа во јавноста веќе неколку години.

Марота призна дека го контактирал Макс Алегри за проектот на Интер, но на крајот конечен избор бил актуелниот тренер на „нераѕурите“, Симоне Инѕаги.

– Кога останавме без Конте, контактиравме тренери и прво почнавме со оние добрите кои се слободни агенти. Во тоа време, Алегри беше со таков статус и вистина е дека го контактиравме. Беше меѓу него и Инѕаги, но горди сме што го избравме Инѕаги. Го велам ова со максимална почит кон Алегри, – изјавил Марота, кој не крие дека Интер навистина го посакува Пјотр Зиелински и планира да го доведе како слободен агент наредново лето.

– Зиелински? Јасно е, трансфер пазарот е активен за сите и ние сме активни. Сите пуштаме око на можностите кои можат да ни се укажат. Јануари е месец кога клубовите можат да контактираат играчи на кои им истекуваат договорите во јуни, па затоа мораме да бидеме активни. Како и да е, ќе ви откријам дека немаме постигнато никаков договор, – одговорил Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни