Поврзете се со нас

Италија

Марота откри каква е стратегијата на Интер за зимскиот преоден рок

Објавено

на

Наредниот месец носи можност за клубовите да се активираат на пазарот, да направат потег кој може да им помогне во остварување на целите за оваа сезона.

Еден од тимовите кој одлично функционира во досегашниот дел од оваа кампања е Интер кој напредува како во Серија А така и во Лигата на шампионите, ама секогаш може да се биде подобар со оглед на тоа што допрва следи она најважното, главните битки.

Џузепе Бепе Марота е еден од најважните луѓе во таборот на „нероаѕурите“, па како таков откри каква ќе биде стратегијата за зимскиот преоден рок.

-Ова е силна група. Немаме многу слабости. Како што знаете, не е лесно да се најдат добри можности на јануарскиот пазар, така што не верувам дека ќе направиме удари што ќе го револуционизираат тимот, можеби ако некој побара да си замине. Инсистирам дека имаме важни играчи кои одговараат на потребите на клубот, -рече Марота кој го издвои Јувентус како нивен најсилен противник во Калчото.

-Во моментов, тоа е така. Како што често сум кажал, тие имаат предност бидејќи не играат во натпреварување во текот на неделата, па имаат време да се подготват. Има помалку ризици од повреди и гледаме многу во Италија и во странство. Второ, тие имаат искусен тренер кој работи добро, но рано е да се каже кои екипи се вклучени во трката. Има тимови како Милан, Рома, Аталанта и Наполи. Свесни сме дека покрај бодовите што ги освоивме, нашето ниво на настапи прави да се чувствуваме сигурни, -порача Марота.

Наредните мечеви за Интер се против Удинезе и Реал Сосиедад во Серија А и ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни