Италија
Марота: Нема да паднеме во стапицата на Лукаку

Ромелу Лукаку ја прекина врската со Интер откако клубот реши да ја повлече понудата која му ја достави, нешто што беше последица на одлуката на Белгиецот во исто време да преговара со Јувентус.
Водечките луѓе на Интер останаа разочарани од Белгиецот и изминатово лето во неколку наврати ја истакнаа својата резигнација, но во текот на оваа недела, со интересна изјава се јави и Лукаку.
Ромелу посочи дека јавноста ќе остане шокирана ако ја каже целата вистина која се случила во изминатите неколку месеци, па со тоа отвори сомнежи и кон искреноста на директорите на Интер.
Оваа негова изјава не остана незабележана во Италија, па денеска дојде ред да слушнеме коментар од Бепе Марота кој беше оној кој ја повлече понудата за Белгиецот.
– Го охрабрувам Лукаку да ја каже вистината, тој е слободен да каже што сака. Да бидам искрен, не верувам дека тоа што го кажа има врска со одлуката на тренерот да биде резерва во финалето во Лигата на шампиони. Нашата совест е чиста, создадената контроверза нема никаква логика. Нема да паднеме во стапицата на Лукаку, – изјави Марота.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг