Поврзете се со нас

Италија

Марота најави дека нема да продолжи со Интер и веќе има план за себе: Ќе ги барам скапоцените камења!

Објавено

на

Бепе Марота е во исчекување на првото Скудето како директор на Интер и се поверојтно е дека тоа ќе се случи оваа сезона, но искусниот фудбалски работник веќе има планови за тоа што ќе прави и откако ќе му заврши договорот со клубот од Милано.

Марота нема намера повторно да го продолжува договорот кој неодамна го обнови и најави дека ќе си замине од Интер во 2027-ма година, по што целта му е да се префрли во правец кон пронаоѓање на млади таленти.

– Кога ќе заврши мојот договор со Интер, јас ќе се повлечам од клубот и ќе се фокусирам на младината, – изјавил денеска Марота за време на фудбалски семинар во Варезе.

– Младинскиот сектор е најголемо богатство за секој клуб. Се повеќе сум убеден дека е погрешна политиката според која младите плаќаат пари за да бидат дел од спортот.

– Секој млад човек треба да ужива во спортот бесплатно. Фудбалот треба да биде достапен и за посиромашните семејства, бидејќи доста често таму се наоѓат сокриените скапоцени камења и дијаманти, – изјави Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни