Поврзете се со нас

Италија

Марота: Лукаку замина во Челси само поради платата

Објавено

на

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота, смета дека актуелниот италијански првак одлично го заменил Ромелу Лукаку, откривајќи дека платата бил главниот мотив за овој трансфер.

Марота уште еднаш потенцирал дека клубовите од Серија А не можат да се натпреваруваат со премиерлигашите во однос на финансискиот потенцијал.

– Го продадовме Лукаку за 115 милиони евра, а го доведовме Џеко без отштета. На теренот нема голема разлика, – смета Марота.

– Лукаку замина во Челси за да добие двојно поголема плата.

– Денеска ние не можеме да правиме вакви големи инвестиции. Мора да ги редуцираме потрошените пари на трансфери, сега клубот не би ми дозволил да платам 75 милиони евра за трансфер, – дополнил Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни