Марота со јавен коментар за ангажманот на Ериксен: Чекаме и…

marota

Во следните неколку денови се очекува да биде потврден ангажманот на Кристијан Ериксен во редовите на Интер.

Италијанскиот клуб се уште не може да се договори со Тотенхем околу обесштетувањето, меѓутоа како што стојат работите двете страни се блиску до договор, па трансферот наскоро би можел да се реализира.

Свој краток коментар за случувањата даде и првиот оперативец на Интер, Џузепе Марота кој истакна дека се уште чекаат за да видат каков одговор ќе добијат од англискиот клуб.

– Ериксен е фантастичен играч. Ние чекаме и во исто време сме убедени дека договорот ќе биде постигнат, -кратко одговори Бепе Марота.

Facebook Коментари