Италија
Марота ја најави трансфер политиката која ќе ја форсира Интер во блиска иднина

Поради извонредната работа која ја заврши како главен оперативец на Интер, Бепе Марота беше награден од новите газди и беше прекомандуван како претседател на клубот, па искусниот фудбалски работник од оваа сезона има уште повлијателна функција на „Џузепе Меаца“.
Некогашниот спортски директор на Јувентус успеа да оствари огромен успех како оперативец во Интер и ја врати шампионската титула во Милано, но што е уште поважно, успеа да создаде тим кој во овој момент е убедливо најдобар во италијанскиот фудбал.
Тимскиот дух е она што го краси составот на Симоне Инѕаги во изминатите три сезони, а во ситуација кога Интер е во игра за сите три титули до крајот на сезоната, Марота најавува дека клубот во иднина нема да се расфрла со пари на нови играчи.
– Мора да бидеме флексибилни и да го препознаеме историскиот момент низ кој минува Италија. Клубовите мора да бидат обликувани и да се адаптираат на социо-економскиот модел на европскиот фудбал.
– Веќе немаме финансиски капацитети да трошиме многу пари на еден играч, мора да бидеме паметни во формирањето и градење на силен и компетитивен тим, а притоа да се запази одржливоста. Одржливоста на клубот мора да биде запазена и негувана во секоја ситуација, – потенцира Марота.
-
Шпанија12 часа
Барселона испрати 40 удари на „Монжуик“ и со доста мака го урна „ѕидот“ наречен Лео Роман (Видео)
-
НБА23 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Македонија17 часа
Одборот на судии: Силекс израмнил од офсајд, Воска направи преседан против Вардар!
-
Шпанија15 часа
Кафу го одобри најавениот трансфер на Реал: И за мене велеа дека не сум добар во дефанзива…..
-
Македонија22 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Лига на шампиони19 часа
Фиго за битката меѓу Барселона и Интер во ЛШ: Секој што мисли…
-
Италија13 часа
Серија А направи хаос со распоредот поради погребот на Папата, Инѕаги сигурно нема да биде воодушевен (Фото)
-
Англија21 час
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти