Поврзете се со нас

Италија

Марота: Интер ќе му одговори на Алегри

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Интер и Јувентус се издвоија на табелата во Серија А и како што стојат работите ќе водат жестока битка за Скудетото до крајот на оваа сезона.

Како што ќе одминува времето така ќе биде се поинтересно, повозбудливо, ќе има и провокации, ниски удари, меѓутоа сето тоа ќе биде дел од „шоуто“, трката за пехарот кој е исто посакуван како во Милано така и во Торино. Пред неколку дена тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри имаше еден необичен коментар за потерата на неговиот тим на Интер посочувајќи дека тие се полицајци, а противниците крадци.

Алегри во елемент: Интер се крадци, а ние полицајци

Секако ова стигна, допре до Интер кој испрати порака преку главниот оперативец Џузепе Бепе Марота.

-Иронијата и метафорите се добри во фудбалот, важно е да има почит на теренот и надвор од него, во очекување на натпреварот на 4 февруари кој сите го нарекуваат Дерби на Италија. Секогаш се потпирам на тоа некој да постапува со добра волја. Алегри секако ја толкува улогата во сопствената средина. Ќе одговориме во вистинско време, -истакна Марота кој воедно порача и дека нема никакво проблеми во однос на новиот договор со Лаутаро Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни