Поврзете се со нас

Италија

Марота: Интер и Милан сакаат заедно да изградат нов стадион

Објавено

на

Италијанските прволигаши Интер и Милан веќе некое време се обидуваат да изградат свои стадиони, свои домови кои ќе ги играат домашните натпревари.

Меѓутоа покрај сите иницијативи, идеи тие засега остануваат заглавени на „Сан Сиро“ (Џузепе Меаца) иако „росонерите“ имаат купено место во Сан Донато, додека пак „нероѕурите“ го имаат идентификувано Роцано како можно место за нивниот нов стадион.

Последните вести кои доаѓаат од таму и тоа по неодамнешните состаноци со општината Милано се дека двата клуба се се поблиску до тоа да останат во сегашната област и заедно да изградат нов стадион.

-Ова е сериозна и деликатна работа. Фудбалот е феномен на агрегација кој доаѓа само по религијата. Италијанската бирократија е главното прашање што доведе до одложување на секоја иницијатива. Тоа се случи многу пати, дури и кога бев во Венеција со Ѕампaрини во 1997 година.

-Милан и Интер сакаат да го градат стадионот заедно, а најновите ажурирања се насочени кон областа Сан Сиро, но овие бирократски прашања ќе останат, -порача претседателот на Интер, Џузепе Бепе Марота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни