Поврзете се со нас

Италија

Марота го расипа шампионското славје на Интер: Ѕвездите на Конте ќе мора да прифатат кратење на платите!

Објавено

на

Интер вчера фуриозно ја преслуша Сампдорија на денот кога се славеше освоената титула во Серија А и пред стадионот „Џузепе Меаца“, но во целото шампиопнско расположение, се издвои една изјава на главниот оперативец која само најавува тешки денови за клубот од финансиска гледна точка.

Искусниот Бепе Марота стави до знаење деак играчите ќе ги добијат премиите кои им биле ветени за освоеното Скудето, но во блиска иднина, индивидуално ќе се разговара со секој фудбалер за кратење на платите кои во овој момент се неиздржливи за раководните структури на клубот.

Токму поради оваа финансиска криза, Антонио Конте се уште се двоуми дали проектот на Интер е и натаму атрактивен за него, па до овој момент нема донесено конечна одлука дали ќе го води тимот и наредната сезона.

– Ова се моменти на големо славје за сите, сите во клубот сме многу среќни за остварениот успех. Сепак, мора да кажам дека во наредните денови ќе имаме индивидуални средби со сите играчи од првиот тим, заедно со претседателот и газдите. Играчите мора да сфатат дека финансиските потешкотии се сериозни, особено во Интер кој вложи толку многу милиони во последните години.

– Ве уверувам дека премиите за Скудетото ќе бидат исплатени, а за останатото ќе мора да се зборува со играчите. Пандемијата глобално не погоди, не само нас, туку цел свет. Не фати во обнова на тимот, се потрошија многу пари, а кризната имаше катастрофален ефект врз нормалното работење на клубот, – изјави Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни