Поврзете се со нас

Италија

Марота го издвои најтешкиот трансфер кој го реализирал во кариерата: Три дена бев затворен во хотел

Објавено

на

Бепе Марота ја продолжува својата фантастична директорска работа и како клучен функционер во Интер, но славниот оперативец своето искуство го градеше претходно како главен оперативец на Јувентус.

Марота реализираше безброј големи зделки во својата каирера и може да напише книга од преговорите кои ги водел со различни агенти и клуботи, но сега самиот вели дека најтешко му оделе разговорите со Манчестер Јунајтед во 2016-та година.

Јувентус тогаш реши да го продаде Пол Погба и да го врати во Манчестер Јунајтед за сума која надминуваше 100 милиони евра, а Марота сега открива дека тоа е најтешкиот и најисцрпувачки трансфер во неговиот живот.

– Преговорите за Погба беа најтешки и тоа е најтешкиот трансфер во мојата кариера. Преговорите траеја три дена без престан, бев заклучен со директори на Манчестер Јунајтед во хотел.

– Истовремено го работевме и трансферот на Гонзало Игуаин. Но, за да се реализира Гонзало, моравме да го продадеме Погба. Ризикувавме да останеме и без Игуаин, бидејќи тој можеше лесно да заврши и во Барселона, – открива Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни