Италија
Марота ги потврди амбициите на Интер и го објави клупскиот став за казната на Конте

Бепе Марота не сака да го отфрли фактот дека Интер сезонава има шампионски амбиции во Серија А, а вечерва ја прокоментира и суспензијата на тренерот Антонио Конте.
Конте беше казнет со два натпревара отсуство од клупата поради вербалниот дуел со судијата Џузепе Мареска во Удине, но вечерва може да ја води својата екипа во куп дербито со Милан.
– Интер има сериозни амбиции секоја сезона, а во однос на актуелната, би било некоректно ако кажеме дека немаме амбиции да го освоиме скудетото.
– Во фудбалот и спортот воопшто има ситуации кои водат кон недоразбирања, а тоа се случи со Конте на средбата со Удинезе. Ја разгледавме казната и решивме да не се жалиме, – изјавил Марота.
Конте ќе треба да плати и 20.000 евра парична казна, додека тимскиот менаџер Леле Ориали помина само со казна од 5.000 евра.

- Германијапред 22 часа
Големото засилување на Борусија од Реал конечно проработи: Постигна деби гол во Бундеслигата после цели шест месеци (Видео)
- Италијапред 22 часа
Букмејкерите предвидуваат лесни победи за фаворитите во Серија А
- Англијапред 23 часа
Судијата Мејсон се посрамоти и предизвика неверојатна конфузија на дуелот ВБА-Брајтон (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Куман не му даде ниту една минута на Гризман: Ова не е казна за него, ни требаше побрз играч!
- Германијапред 20 часа
Нојер не штеди никого: Капитенот на Баерн бесно викаше по „заспаниот“ Алаба (Видео)
- Италијапред 24 часа
Балардини: Интер е најдобра екипа во Серија А, ние имаме една цел
- Италијапред 21 час
Историја во Италија: Судијата Орсато утре ќе урне една голема фудбалска бариера во Серија А
- Италијапред 22 часа
Меџорини се кандидираше за наградата „Пушкаш“ (Видео)