Италија
Марота дрско му возврати на Кардинале и го „поздрави“ лутиот ривал Милан
Борбата за преваласт во градот Милано на фудбалски план отсекогаш привлекувало огромно внимание во јавноста, па така во ситуација кога Интер е тој кој го има приматот на актуелен шампион, „росонерите“ се тие кои гледаат во грбот на својот голем ривал.
За разлика од Интер, Милан во овој момент изгледа како тим кој допрва треба да го изгради својот идентитет, но поголем проблем за навивачите е раководството на клубот кон кое силно протестираат во последно време.
Гери Кардинале наиде на жестоки критики за време на 125-от роденден кој го славеше клубот, а во обид да ги изолира главните проблеми, сега реши да се препукува со главниот ривал од истиот град.
Кардинале преку американските медиуми порача дека Интер ја платил освоената титула во Серија А со прогласен банкрот од претходното раководство, но ваквиот обид да го омаловажи ривалот сега наиде на жесток одговор од Бепе Марота.
Претседателот на Интер почувствува потреба да му одговори на Кардинале како актуелен претседател на Интер, но истовремено не пропушти шанса да ги „поздрави“ ривалите за втората ѕвездичка која ја додаде неговиот клуб со освоеното Скудето минатата сезона.
– Обично не сакам да коментирам такви изјави, но сега чувствувам одговорност да возвратам. Такви изјави се надвор од место, со такви изјави не се покажува почит кон голем клуб како Интер. Мислам дека Кардинале е малку збунет од се она што се случува.
– Точно е дека нашите мнозински акционери имаа финансиски потешкотии низ годините, но и во тоа време беа поддржани од „Оуктри“, компанија која сега го води клубот напред. Водењето на Интер е целосно различно од она на Милан. Ние се држиме до финасискиот фер-плеј, до националните лиценци и многу сме ригидни околу економскиот дел. Со оглед на тоа што доаѓа Божиќ, сега е добро време да ги потсетиме нашите соседи дека само еден клуб во Милано има две ѕвездички на својот дрес, – порачува Марота.
-
Италија16 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства13 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија16 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Италија11 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија15 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија13 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Балкан13 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ го мина Федерер и обезбеди место во третото коло во Мелбурн, нова фуриозна партија на Алкарас