Поврзете се со нас

Италија

Марота: Аталанта е зајакот, а ние сме ловците!

Објавено

на

foto: x.com/Inter_en

Бепе Марота беше најзаслужен и одговорен за огромен дел од трансферите кои ги направи Интер во последните неколку години, а како своевидна награда за се она што го направи како спортски оперативец, искусниот фудбалски работник беше назначен за претседател од новото раководство на клубот.

Марота сега ги следи ситуациите во Интер од повисока инстанца, но и натаму останува близок соработник на директорите кои се задолжени за правилно функционирање на клубот, а секако и носење на најважните одлуки.

Интер и оваа година важи за голем фаворит за титулата во Серија А, но Марота сепак смета дека во овој момент има еден тим кој може сериозно да му парира на шампионот.

– Аталанта стана светски пример за победнички клуб кој работи со сите доблести, тоа е модел за пример. Секој тим си има свои различни карактеристики, но Аталанта сега изгради победнички менталитет и тоа веќе не е ништо ново.

– Верувам дека ќе можат да се справат со притисоците кои ќе следат во текот на сезоната. Тие се зајакот, а ние сме ловците во Серија А. Јас тврдам дека тие се меѓу главните фаворити за освојување на Скудетото, – потенцира Марота.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни