Марота: Ако Лаутаро сака да си замине…

lautaro

Лаутаро Мартинез е еден од играчите за кого многу се зборува во оваа сезона, а причината за тоа се неговите одлични изданија во дресот на Интер.

Тој даде 13 голови на 21 натпревар во оваа сезона со што дефинитивно го привлече вниманието како на јавноста така и на останатите европски гиганти. Аргентинскиот напаѓач се побрзува со Барселона која во него гледа директна замена за Луис Суарез, но исто така според информациите на медиумите тој е баран како од Јунајтед така и од Сити.

Поради ова има многу шпекулации во медиумите, па во однос на оваа тема се огласи главниот оперативец на Интер, Бепе Марота.

-Ако Лаутаро сака да си замине, ќе ја процениме ситуацијата. Ние сме Интер и немаме потреба никого да продаваме. Сакаме да напредуваме со важни млади играчи како Лаутаро и Ромелу Лукаку. Ако Лаутаро сака да продолжи со нас, ние ќе бидеме среќни. Тој е со нас во моментов, -рече Марота за „Спортс Медијасет“.

Facebook Коментари