Поврзете се со нас

Свет

Мароко и без првата ѕвезда се пласираше во следната фаза од АФКОН

Објавено

на

Репрезентацијата на Мароко е првата селекција која успеа да избори учество во следната фаза од африканскиот Куп на конфедерациите откако со 2:0 славеше против репрезентацијата на Комори.

Мароканците по воведниот триумф во дербито против Гана сега славеа очекувана победа против Комори и се пласираа во елиминациската фаза на турнирот.

Селим Амалах и Закариа Абдуклал беа играчите кои донесоа победа за тимот предводен од Вахид Халихоџиќ.

Мароко на годинешното натпреварување на Купот на нациите настапува без првата ѕвезда, Хаким Зијеш кој влезе во отворен конфликт со селекторот Халихоџиќ. Многумина му замерија на босанскиот стратег за таквата одлуак потенцијраќи дека Мароко без Зијеш не е истиот тим, но сега Халихоџиќ им го докажува спротивното.

На останатите натпревари од денешната програма на Купот на нациите, Малави славеше против Зимбабве со 2:1, а претходно Сенегал неочекувано ремизираше со Гвинеја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни